Според прогнозата на УХМР, дневните температури во Македонија денеска и во среда, ќе бидат највисоки со максимални 43 степени. Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. Висок УВ-индекс 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Активното портокалово ниво на опасност од високи температури ќе се задржи и следната недела.

Во недела и вторник максималната дневна температура ќе достигне 42, во понеделник 40 и во четврток 39 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.