Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. Во сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови. Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.