Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.