Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска. Наутро ќе има појава на мaгла понекаде во котлините, а преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од  -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.