На стрелиштето „Леково“ денеска од 8:30 до 15:00 часот ќе биде реализирано боjно гаѓање. Заради безбедност се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат од Регионалниот ЦУК Битола повикувајќи се на известување од Министерство за одбрана.

По завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што од страна на ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи (ЦУК).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.