Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

УХМР соопшти дека следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.