По утринскиот метеж кога се чекаше и до два часа, на граничен премин Делчево за излез од Република Македонија кон Република Бугарија во моментот состојбата е нормализирана и чекањето е сведено на минимум.

Од дежурните служби при граничен премин Делчево, потврдија дека утрово имало поголем метеж на возила кои ја напуштаат државата и заминуваат на продолжен викенд во некој од скијачките центри во соседството.

-Во моментот ококу 15:00 часот состојбата е нормализирана  Нема поголеми задржувања, барем не како што беше утрово, вели Аце Атанасовски од Регионалниот центат за гранични работи работи Исток со седиште во Делчево.

Возачите кои утрово чекаа велат дека се повторува состојбата од минатата недела кога, исто така, за влез во соседната дежава се чекаше околу два часа.

Како најголема причина за ваквите застои патниците ги посочуваат честите паѓања на системот од бугарска страна на граничниот премин Станке Лисичково, што се одразува да се чека и на македонскиот граничен премин.

Од минатата година започна реконструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково каде конечно се очекува да се реши проблемот со долгите колони кои чекаат за време на празници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.