Поради дефект на вентил Ф-2“ во шахта на булевар „Јане Сандански“ бр.23 во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите со број 23, 25, 27 и 29 на овој булевар.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ ќе биде прекинато од 10:00 часот.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.