Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Емил Зола“, „Невена Георгиева – Дуња“, „Виктор Иго“, „Драга Стојановска“ и „Христо Татарчев“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекин е поради дефект во шахта на улица „Емил Зола“ 14.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.