Попладнево не очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Во овој момент црни облаци се над нашиот главен град, па така доколку планирате да излезете надвор, тоа одложете го за подоцна.

Времето утре ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Стабилизација не очекува од понеделник кога ќе имаме и зголемување на температурите и максимални 32 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.