Времето денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), а во југоисточните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува.
Минималната температура е во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура се спушти до 11, а максималната ќе достигне 14 степени Целзиусови.
Од понеделник следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.