Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на крстосницата на ул.„Даме Груев“ со ул. „Македонија“ во Oпштина Центар, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Даме Груев“.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.