Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче и дел од селото Ракотинци.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина Сопиште.

Од 08:15 до 10:15 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Ѓорѓи Капчев“ – Крак 16 во населба Островска во Општина Аеродром,

Без струја од 08:30 до 11:30 часот ќе останат и дел од улиците „Ѓуро Џоновиќ“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ во населбата Маџир Маало во Општина Центар.

Од 10.00 до 12:00 часот, пак, се електрична енергија ќе биде дел од улицата „1616“ во населбата Лисиче во Општина Аеродром.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.