Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско, потврди за МИА, Фанка Мингова Јанчева, овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино и заменик командант на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, која и самата е на терен.

– Во моментов се гасне околу село Пештерница кое нема жители, на терен се пожарникари од Неготино и Кавадарци, луѓе од неготинското комунално претпријатие. Дирекција за заштита и спасување учествува во гаснење со два тима, еден од Валандово и еден од Свети Николе со четири возила, појасни Мингова Јанчева.

Пожарот избувна вчера околу 10.30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.