Српската актерка Анѓелка Прпиќ одлучила да направи тајна венчавка со својот партнер Марко З. со кој чека дете, откако на двојката им дојде преку глава од шегите и коментарите на јавноста, зошто тој е најдобар другар со нејзиниот поранешен сопруг.
Нема пречки Анѓелка повторно да се венча зошто законски е разведена. Тие сакаа да се земат уште од моментот кога дозна дека е бремена, но одлучија да го направат тоа во тајност поради насловите во медиумите, „мемињата“ и шегите за нив на социјалните мрежи. Освен тоа, на Марко многу му пречи што таа сè уште се презива Прпиќ по поранешниот сопруг, па се договорија да го земе неговото презиме, открива за „Блиц“ извор близок на актерката.
Анѓелка интензивно се подготвува да застане пред матичар, а прашање е дали ќе се одржи и црковната венчавка.
За тој ден се подготвуваат наголемо, но сите детали ги чуваат во строга тајност за медиумите да не можат да известуваат за нив. Толку е сè тајно што дури и кумовите ќе дознаат само ден претходно каде ќе се одржи венчавката, открива изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.