Познатиот рапер Таско се оженил летово, a за свадбата се дозна дури неодамна. Тој во интервју за порталот „Репортер.мк“ открил дека одлучил да стапне на лудиот камен по три и пол годишна врска. За бракот знаеле само најблиските, земајќи предвид дека досега јавно нема потврдено дека е женет, ниту, пак, има објавено фотки од венчавката.

Порталот „Убавина и здравје“ успеа да дознае која е неговата сопруга. Се работи за Наташа Неделковска или на Инстаграм позната како Таша Реј. Таа дури има и објавено заедничка фотографија на својот профил, додека, пак, Таско на својот профил има само фотки од себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.