Викендов, на 30 и 31 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот Саем за деца во земјава, наменет за децата и за целото семејство.
Популарниот детски саем Кид Експо ќе се одржи во трите сали на „Александар Палас“ и ќе понуди разновидни содржини. Децата ќе се забавуваат пред Големата сцена, ќе учествуваат во креативни и спортски работилници во ринговите, а за возрасните ќе има цела сала со продажни и промотивни изложувачи кои на своите штандови ќе претстават најразновиден асортиман за деца.
Ќе има богата и разновидна програма во која е опфатена интерактивна содржина за деца од најрана до 14 годишна возраст. На Големата сцена ќе има и едукативни предавања за возрасните: за превенција на булинг, за здрава исхрана, педијатрија и справување со ривалството помеѓу браќа и сестри. Дечињата ќе следат сценска програма со музички, комични и магионичарски шоу-а, кино проекции и еко квиз. Покрај спортските и креативните работилници, исто така и изложувачите ќе приредат посебни детски катчиња кои ќе бидат изненадување до самиот почетокот на саемот.
Оваа година, организаторите Бејбишоп.мк и Боттега Евенти ќе воведат новитет на саемот со најавата на концертот „Бенд Џем“ на кој ќе настапуваат училишни бендови, што ќе претставува вистинска музичка атракција за македонската тинејџерската публика. Концертот ќе се одржи во сабота од 20.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.