Трејси Волдер е поранешна агентка на ЦИА и специјален агент на ФБИ. Нејзината работа и искуството ѝ помогнале да ги заштити сопствените деца со поголема претпазливост, вели, па сега ги споделува своите совети до родителите на деца на училишна возраст. Така, таа пред сѐ, ги предупредува родителите да не ги ставаат личните податоци на своето дете на надворешната страна на училишниот ранец.

Тоа изгледа како најдоброто нешто што за во случај детето да ја изгуби чантата, но сепак, тоа е погрешно. Ставете ги Вашите лични податоци, на пр. Вашата адреса, во внатрешноста на чантата, нагласи Волдер.

Таа вели дека кога личните податоци се прикажани однадвор, непознат човек може да ги види и да го повика детето со неговото лично име, што може да доведе до создавање и стекнување лажна доверба и злоупотреби.

Исто така, наместо да го напишете бројот на детето или на Вашиот сопствен мобилен телефон на чантата, обидете се да го научите детето да ги запомни тие броеви. Ако не успее, разбирам, може да биде тешко за малите деца… Напишете го на внатрешноста од ранецот, додаде таа.

За секогаш да знае каде ѝ се децата, Волдер користи „Ертег“ (AirTag), прикачен на нараквицата на детето. И, на крај таа советува да не се објавува училиштето на социјалните мрежи.

Тоа е личен избор ако сакате да споделувате фотографии од Вашите деца, но никогаш не знаете кој може да ги види податоците за местото каде живеат или каде што децата одат на училиште. Тоа лесно се наоѓа на интернет, но барем не им олеснувајте на туѓинците, советува искусната мајка.

@theunexpectedspy With the school year quickly approaching, i wanted to share some things i do to keep my kiddo safe! #fbiagent #specialagents #schoolsafety #schoolsafetymatters #schoolsafetyfirst #kidsafetytips #kidsafety ♬ original sound – Tracy Walder



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.