Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, доби син. Веста ја сподели тој на својот фејсбук-профил.

Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus, напиша Богоев.

Боегоев во 2018 година се ожени со Ивана Анѓеловска.

Тој беше градоначалник на Општина Карпош од 2017 до 2021 година. Во декември 2021 година беше избран за потпретседател на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.