Од старите може многу да се научи.Затоа што советите што ќе ви ги дадат вашите баба, дедо,чичко, татко, мајка се непроценливи.

Еве некои од нив

Тешко е да се види поголемата слика на сопствениот живот ако сте заглавени во секојдневниот живот, преоптоварени или ако имате премногу семејни обврски. Сепак, можеби овие зборови на поискусните луѓе, кои веќе поминале низ сето тоа, ве натераат да размислите и да ви помогнат да разберете дека животот нема повторување, кои се приоритетите и дека треба да уживате во моментот.

Можеби ќе имате долг живот, или животот ќе ви биде краток – кој знае. Но, во секој случај, ќе зажалите што не сте се грижеле подобро за себе во младоста.

* Работата е само работа. Немојте да бидете опседнати со материјални работи, ценете го времето и искуството.

* Љубомората ги уништува врските. Верувај на својата друга половина, затоа што на кој друг ќе му веруваш?

* Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го сподели својот живот со вас. .

Луѓето секогаш велат: „Погрижи се да добиеш работа каде што ќе го работиш тоа што го сакаш!“ Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е онаа што ја сакаш неколку дена, не ја поднесуваш другите денови, а сепак си ги плаќаш сметките. Речиси никој нема работа што ја сака секој ден.

* Годините минуваат додека да трепнеш. Не стапувајте во брак премногу млади. Живеј го својот живот. Патувајте. Без разлика колку пари имате. Спакувајте ги куферите и одете каде што можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи.

Не го сфаќајте животот сериозно. Дури и ако работите ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се смеете на тоа колку е глупав животот.

Вистински пријател е оној што ќе дојде ако му се јавите во два часот наутро. Сите останати се само познаници.

* Децата растат пребрзо. Искористете го максимумот од времето што го поминувате со нив.

Никој никогаш не умрел жалејќи што не работел повеќе. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред семејството, пријателите или себеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.