Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза.
Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл.
Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари.
Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол.
Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.