На Балканот уште постојат договорени бракови, а како посебен случај се издвојува и договарањето или „купувањето“ на жени од Албанија, за кои „старите ергени“ даваат и по неколку илјади евра.

Но, еден таков случај заврши и во судница, откако невестата побегнала.

Основното обвинителство во Прокупље, Србија, испратило барање до Обвинителството во Албанија да им помогне да го истражат случајот со измама на невеста Албанка, која поминала само неколку часа со младоженецот.

Тие се посомневале дека станува збор за измама, односно дека групата која посредува бракови со Албанки го излажала младоженецот, кому му зеле 1.500 евра, а девојката со која требало да се омажи му побегнала.

Таа се појавила во Прокупље во придружба на жена, раководителка во агенцијата, а со неа бил и маж кој на младоженецот му бил претставен како нејзин вујко. Невестата останала во куќата на младоженецот неколку часа, но кога дошла ноќта му избегала.

По залудната потрага која траела со денови, сфатил дека е измамен и се обратил до истражните органи.

Не ја имаа ни првата брачна ноќ, а покрај парите што ги даде на Агенцијата за посредување ги плати и патните трошоци за целото семејство. Сигурно се уште има слични случаи во Прокупље и околината, но никој не ги пријавува, најмногу поради срам. Слична ситуација неодамна е забележана и во Куршумлија, а младоженецот останал покус за 1.000 евра, пренесува извор од Обвинителството за српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.