Се разведуваат Саше Политико и неговата сопруга Марина. Ваквата информација беше објавена на социјалните мрежи од страна на адвокатот Јанаки Митревски, кој ќе ја застапува понежната половина во овој бракоразводен спор.

Никогаш не сум бил одмаздољубив, така сум воспитуван. Кога Саше политико по нарачка на Никса лупеташе за мене сакав да го тужам па ми дојдоа зборовите на мајка ми „Господ ќе ги казни“.

 

И видиш имало Господ па со се уште сопругата на Саше, Марина поднесовме тужба зa развод на брак во која постапка јас ќе ја застапувам Марина. Едвај чекам Саше да се видиме во судница!#Карма #LifeIsABitch, пишува Митревски во својата објава.

Саше Ивановски и неговата сопруга некое време минуваат во криза. Беше објавено дека ја нападнал сопругата, по што на својот фејсбук профил објави фотографија со цел да покаже колку го истепала сопругата. Односно Ивановски пишуваше дека не е тој личноста која прва нападнала, туку дека тој е нападнатиот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.