Кога сме заљубени, често правиме работи што инаку никогаш не би ги направиле, на пример се менуваме себеси.

Партнерот понекогаш бара од нас да го промениме нашето однесување или начин на живот, а ние се согласуваме со тоа, не сфаќајќи дека притоа се губиме себеси.

Сепак, да се зачувате себеси е многу поважно отколку да направите се за да ја одржите врската, особено ако мажот се осмели да побара одредени работи.

Менувањето нешто е повеќе од прифатливо, но, од друга страна, никогаш не треба да се согласувате да смените некои работи на себе.

Ова се некои од нив.

Диета

Никогаш не одржувајте диета заради маж. Треба да донесете одлука за здрава исхрана или за вежбање исклучиво само заради себе, а не за да импресионирате некој маж.

Дружба со пријателите

Ако вашиот дечко ви забрани да се дружите со други мажи, дури и ако се работи за пријатели од детството, тогаш со право можете да го оставите. Ако вашиот маж не верува во машко-женски пријателства, тоа кажува многу за неговиот однос со другите жени.

Жртвување на кариерата

Не треба да избирате помеѓу љубов и кариера. Ако му пречат вашите деловни обврски, преиспитајте ја вашата врска. Човек кој ве сака мора да ве поддржува во работата што ја работите, како и во сите други интереси во животот.

Промена на стилот

Ако сака стокмени и нашминкани жени, а тоа не е вашиот стил, повремено можете да го расположите во такво издание. Сепак, не треба целосно да го менувате вашиот стил поради маж, но ни вие не треба да го присилувате него на такво нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.