Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска пред пет дена се породи и на свет го донесе своето прво дете, синот Стефан.
Гордите родители денеска на социјалните мрежи споделија неколку фотографии со своето дете во болница како и при неговото прво доаѓање дома.
За таа прилика нивните најблиски направиле и торта со името Стефан како и со датумот кога е роден 17.07, а поранешната министерка сподели и емотивна порака за нејзините пријатели и следбеници.
Наташа радост, нашиот нов член пристигна Стефан Станков 17/07/2024
Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж… 🥹🥹🥹 Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе и се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега сме тројца
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.