Кетрин Мидлтон, британската принцеза од Велс, во неделата ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката во нејзината прва јавна порака откако беше подложена на абдоминална операција во јануари, објавувајќи фотографија на којашто е со нејзините три деца.

На фотографијата која ја направил нејзиниот сопруг, престолонаследникот Вилијам, 42-годишнаа Кејт е насмеана и изгледа здраво опкружена со принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Ви благодариме за добрите желби и континуираната поддршка во последните два месеци“, напиша Кејт во пораката на платформата X. „„На сите им посакувам среќен Ден на мајката“, додава принцезата.

Во Британија во неделата се одбележува Денот на мајката.

Фотографијата е направена претходно оваа седмица во Виндзор, каде живее семејството, соопшти нејзината канцеларија во дворецот Кенсингтон.

Кејт мина две седмици во болница во јануари по операција на абдоменот, за која беше кажано само дека не е канцерогена. Кенсингтон соопшти дека принцезата најверојатно нема да се врати на службените должности до Велигден, кој според грегоријанскиот календар паѓа на крајот на овој месец

Последните неколку седмици на социјалните мрежи се шпекулираше за здравјето на принцезата, која отсуствува од јавниот кралски живот од Божик. Нејзината канцеларија објави соопштение претходно овој месец, во кое се повторува дека ќе обезбеди само „значајни ажурирања“ за нејзиното закрепнување.

Операцијата на Кејт се случи истиот ден кога официјални лица од дворецот изјавија дека 75-годишниот крал Чарлс Трети, исто така, оди на болнички третмна за лекување на зголемена простата. Во текот на хоситализацијата на монархот, неговиот медицински тим открил дека тој има неодредена форма на рак. Кралот мораше да ги одложи своите јавни ангажмани додека се лекува, иако е фотографиран како извршува некои од неговите должности како шеф на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.