Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија.

До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето.

Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.