Принцезата од Велс Кејт Мидлтон вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија.
Принцезата рече дека ракот бил откриен откако имала операција на абдоменот за нешто што се сметало дека е неканцерогена состојба.
Операцијата беше успешна. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има рак. Затоа мојот медицински тим ме советуваше да поминам курс на превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, рече принцезата од Велс во видео изјава објавена од Кенсингтонската палата.
Таа ја опиша дијагнозата како „огромен шок“ и рече дека таа и принцот Вилијам направиле се што можеле за да го обработат и да го менаџираат ова приватно за доброто на нивното семејство.
Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков; Јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух. Да го имам Вилијам покрај мене е одличен извор на утеха и сигурност. Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. Нам двајцата ни значи многу, рече Кејт во обраќањето.
Ракот на Кејт бил откриен дури откако таа беше подложена на голема абдоминална операција во Лондонската клиника во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза на рак е и ги замоли луѓето да не шпекулираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.