Пред една година главна тема на социјалните мрежи беше раскинувањето на Шакира (46) и Жерар Пике (36), кои раскинаа по 12 години врска бидејќи наводно ја изневерил.
После тоа, пејачката објави неколку песни во кои го опишала неговото „предавство“.
Додека фановите на Шакира секојдневно го осудуваа пензионираниот фудбалер, тој не сакаше да коментира. Тој дури неодамна даде краток осврт во емисијата El món.
„Да му дадев важност на сè што се зборува за мене, ќе бев затворен во мојот стан во моментов или ќе скокнам од него“, изјави тој.
Тој додаде дека јавноста не е информирана ниту за 10 отсто што навистина се случило меѓу нив.
Покрај врската со пејачката, тој го коментираше и неговото пензионирање, но изјави и дека претходната година му била крајно турбулентна.
Шакира го запозна фудбалерот во март 2011 година кога го снимаше спотот за хитот Waka Waka. Тие беа заедно 12 години, а се разделија во јуни 2022 година. Двојката има два сина, 11-годишниот Милан и осумгодишниот Саша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.