Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом во близина, објави вчера британски Сан.

Крадците користеле украден камион за да ја пробијат безбедносната капија на кралскиот имот. Според некои извори, тие најверојатно некое време го набљудувале замокот Виндзор.

Се верува дека принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните три деца биле во замокот Аделаида, кој е оддалечен само пет минути пеш од местото каде што влегле крадците.

„Сан“ претходно објави дека вооружените полицајци биле отстранети од двата главни влеза во замокот Виндзор, иако се претпоставува дека тие сè уште патролираат околу имотот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.