Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ќе присуствува на церемонијата Trooping the Color на 8 јуни, по повод нејзиното враќање на кралските должности по операцијата на стомакот.

Министерството за одбрана потврди дека Кејт Мидлтон ќе биде присутна на Парадата на гардата на коњите во Вестминстер.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, имаше операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не беше видена во јавноста.

Од Кенсингтонската палата не сакаа да откриваат многу детали за нејзината здравствена состојба, само кажаа дека принцезата ќе им се врати на обврските по Велигден.

Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во близина на замокот Виндзор, како што пренесе ТМЗ, во автомобил со кој управувала нејзината мајка Керол.

Кејт носеше големи очила и благо се насмевна, а многумина коментираа дека се надеваат дека тоа е знак дека нејзиното закрепнување оди добро.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.