Како одговор на Парадата на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која во Скопје се одржува по петти пат, во Битола граѓаните по третпат ќе маршираат на настанот „Вистинска парада на гордоста“.

Како што велат организаторите, начелата по кои се водат се:

-Дом
-Семејство
-Родители-МАЈКА и ТАТКО
-Деца

Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед 🙏
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ДА СЕ СОБЕРИМЕ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА КАДЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ЕДЕН МАРШ НИЗ ШИРОК СОКАК ДА СЕ УПАТИМЕ ДО ПАРКОТ,КАДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НЕКОЛКУ КРАТКИ ОБРАЌАЊА ЗА МОТИВИТЕ НА ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ВАКВАТА ПАРАДА, се вели во најавата на настанот.

Настанот почнува денеска од 20 часот на плоштадот Магнолија во Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.