Аби и Британи се родени како споени близнаци. Тие делат еден црн дроб, ребра врат и репродуктивни органи.Имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови.  еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и само делумно одделен нервен систем.

Од половината надолу, Аби и Бретани делат органи, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.

Нивните родители никогаш не размислувале да се разделат од страв дека еден или двајцата ќе умре или ќе останат  тешки инвалиди.

Всушност, нивната мајка Пети не ни знаела дека очекува близнаци додека не се родиле девојчињата. Ниту лекарите не ја сфатија сериозноста на ситуацијата. До раѓањето. Бебињата веднаш биле пренесени во клиника, пишува National Geography.

Иако Аби и Бретани се поподложни на настинки и имале два напади на пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба, и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите кога биле уште бебиња. Нивното искривување на ‘рбетот било корегирана, додека градната празнина им била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречи проблеми со дишењето.

Близнаците велат дека нивните тела се „поделени со црвена линија“. Едниот ја контролира левата страна на телото, додека другиот ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно.

Им предвидувале дека ќе живеат еден ден но тие наскоро ќе наполнат 33 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.