Крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое ќе се слави со грандиозна прослава на 6 мај, е еден од овогодинешните најзначајни настани во Велика Британија, кој светските медиуми ќе го следат од секунда во секунда и до најмал детал.

Сепак, се чини дека голем интерес привлекува и доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко доаѓа сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Според досега протеченото во јавноста, може да се заклучи дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора повторно ќе добие „болен шамар“ од семејството, што би можело целосно уништи секаква надеж во помирувањето, пишуваат медиумите.

Имено, иако се работи за крунисување на неговиот татко, тој нема да биде во негова близина. Според британските медиуми, принцот Хари, војводата од Сасекс, на церемонијата ќе седне дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство.

Ова е и, како што велат, главната причина поради која брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето. На некој начин, положбата во која ќе седи ќе му олесни – ќе може да ја напушти церемонијата релативно незабележано и брзо кога ќе посака.

Се предвидува дека во Британија ќе остане само 24 часа, но тоа засега никој не го потврдил. Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема да има ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.

Покрај тоа, со него не доаѓа неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството. Како што изјавила двојката, таа ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата – Лилибет и Арчи.

Инаку, двајцата последен пат заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора. И тогаш оваа брачна двојка беше брутално понижена. Имено, иако целиот свет очекуваше дека смртта на кралицата Елизабета ќе влијае на Хари и Меган да ги закопаат секирите со Бакингемската палата и повторно да станат дел од семејството – тоа не се случи, а овој пар изгледаше поосамено од кога било за време на погребот на кралицата, пишуваат британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.