Батлерот на принцезата Дијана Пол Бурел тврди дека принцот Хари и Меган Маркл наскоро ќе се разведеат затоа што и двајцата се несреќни во бракот. Тој тврди дека засега се во брак само заради децата.

„Мислам дека во моментов е рано неговото семејство да се раздели и дека сака да останат заедно за да може да ги види неговите деца како растат. Ако ги напушти сега, ќе ги изгуби бидејќи знае дека Меган ќе ги чува во Америка. Поради сето тоа, мислам дека Хари ќе се труди да се држи до програмата сè додека може. Но, неизбежно е овој брак да се распадне затоа што знаеме дека со големите критики, светската слава и присуството во печатот доаѓа и голем притисок“, рече Бурел за GB News.

Тој истакна дека Хари на секој можен начин ќе се обиде да избегне развод бидејќи и самиот пораснал во скршено семејство.

„Јас лично не сакам повторно да го видам Хари несреќен, веќе видов премногу солзи, сакам тој да биде многу среќен, сакам да го видам него и семејството како напредуваат“, рече тој.

За потсетување во британските медиуми неодамна објавија дека Хари понекогаш се повлекувал и се држел подалеку од Меган, бидејќи сакал да биде сам. Наводно често одел во блискиот луксузен клуб „Сен Винсент“ чии бунгалови се наменети за гости со посебни барања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.