Повеќе од десет семејства и над 50 учесници учестуваа на двочасовна рекреација и дружење која се одржа на 24 септември годинава на Арената „Тоше Проески“ во Скопје. Настанот беше во рамките на проектот Active Families финансиран од страна на Европската комисија во рамките на програмата Erasmus+.

фото: Атлетска федерација на Македонија

Целта на проектот е да ги интегрира физичката активност и активните животни навики како дел од секојдневната рутина на семејството и со тоа да ги зајакне емоционалните врски и благосостојбата во семејствата.

Активно семејство, среќно семејство!

фото: Ателтска федерација на Македонија


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.