По церемонијата за крунисувањето, кралот Чарлс Трети заедно со сопругата Камила, им се заблагодари на сите кои беа вклучени во манифестацијата и изјави дека целиот свој живот ќе го посвети на кралската служба.

Портретите ги направи фотографот Хуго Бурнанд, а Бакингемската палата ги објави на официјалниот „Инстаграм“ на кралското семејство, заедно со порака на кралот Чарлс. На семејната фотографија го нема Хари, а принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт стојат од десната страна на кралицата Камила.

„Како што завршува викендот на крунисувањето, мојата сопруга и јас сакавме да ја споделиме нашата најискрена и срдечна благодарност до сите оние кои помогнаа ова да биде посебна прилика. Оддаваме посебна почит на безбројните луѓе кои го дадоа своето време и посветеност за прославите во Лондон, Виндзор и секаде, да бидат што посреќни, побезбедни и попријатни. На оние кои се приклучија на прославите – без разлика дали дома, на улични забави и ручеци, или со волонтирање во заедниците – им благодариме на сите. Да знаеме дека ја имаме вашата поддршка и охрабрување, и да посведочиме на вашата љубезност изразена на разни начини, е најголем можен подарок за крунисувањето, бидејќи сега ги посветуваме нашите животи на служењето на луѓето од Обединетото Кралство и Комонвелтот. Тоа што ја имаме вашата поддршка и што ја сведочиме вашата добрина, изразена на толку многу различни начини, беше најголемиот подарок за крунисувањето, додека ние повторно ги посветуваме нашите животи за да им служиме на луѓето од Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот“, се вели во официјалното соопштението од кралот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.