Во ерата на социјалните мрежи, на коишто светските ѕвезди зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив одлучија да прозборат за своите деца со попреченост.
Како што порачуваат, се одлучиле на ваков чекор со цел да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите.
Силвестер Сталоне беше еден од првите славни холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст.
Во поново време и други холивудски ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост
Брендон Фрејзер
Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Интервју“ изјави дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.
Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.
Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас – тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.
Дениз Ричардс
Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби.
Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.
Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „Пипл“.
Џон Траволта
Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите.
Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет.
На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.
Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.
Претходно двојката јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.
Дејвид и Викторија Бекам
Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам.
Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.
Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „Пипл“.
Откритието ги шокираше медиумите, па „Сплеш њуз“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.
Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“, изјави сопственикот на фото-агенцијата, Кевин Смит.
Колин Фарел
Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ниту да се грижи за себе.
И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.
Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.
Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ изјави актерот во 2017 година.
Силвестер Сталоне
Во 1990 година, ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „Пипл“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне.
Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.