Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година.

Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.

Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.