Ако сте го пронашле вистинскиот, тој сигурно покажува некои од овие знаци
1. Тој ви е апсолутно посветен. Не се обидува да ве одбегне вас или обврските што му ги наметнува вашиот однос. Тој ви е 100 отсто посветен вам и на вашата врска. Сака да биде близу до вас и нема сомнеж во тоа.
2. Тој ве поддржува, без оглед на сè. Секогаш ви дава поддршка, се радува на вашите победи и ви дава рамо за плачење. Ако другите ве соборат, тој ви помага да се издигнете.
3. Не се плаши да биде ранлив во ваше присуство. Не се плаши да ви се отвори и да ги покаже своите слабости. Тој ви зборува за неговите чувства и не ве исклучува.
4. Сте пораснале како поединци. Во периодот додека сте биле заедно, тој станал позрел и се променил на подобро. И тоа се случило не затоа што вие сте го натерале да се промени, туку затоа што тој самиот сакал да биде подобар за вас.
5. Тој сака да бидете среќни. Кога донесува големи одлуки, го зема предвид тоа како ќе се чувствувате поради тие одлуки. Тој секогаш се обидува да ве направи среќни, без разлика што мора да направи за да се случи тоа.
6. Тој се грижи за вас. Тој прави работи за вас, што не морате ни да ги побарате. Тој ги памети сите ваши потреби и желби. И не ги игнорира вашите чувства, туку секогаш ги зема предвид.
7. Секогаш е подготвен на компромис. Во случај на конфликт меѓу вас, тој секогаш се обидува да пронајде компромис и да направи сè како што треба. Тој не сака да се расправа, но кога ќе дојде до караница, и двајцата брзо учите од вашите грешки и продолжувате понатаму.
8. Не обрнува внимание на други жени. Кога има други жени во близина, тој не обрнува внимание на нив. Тој не зјапа во нив и не флертува со нив, а вие секогаш знаете дека можете да му верувате за овие работи.
9. Ги воочува најситните детали. Ги забележува сите ситници што ве прават среќни, по што се труди да ги имате во вашиот живот што е можно повеќе. Кога ќе му кажете нешто, тој го помни тоа. Ги помни сите работи што ве возбудуваат.
10. Тој дава најдобри совети. Кога ви треба совет, тој секогаш е подготвен да го сподели своето гледиште, кое суштински се разликува од вашето. Но не ви врши притисок и не ве тера да го послушате неговиот совет. Меѓутоа, не се плаши да ви го покаже неговото вистинско „јас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.