Украинскиот психолог Павел Домрачев открил кои се трите најважни знаци што сугерираат неминовен развод.
„Сакам да споделам со вас, не толку очигледни, но недвосмислени знаци дека бракот постепено се распаѓа и дека работите во семејството стануваат сè полоши и полоши. И жената и мажот може да се преправаат дека сè е во ред, но во еден момент ќе дојде до сериозен и емотивен конфликт, кој ќе резултира со развод“, вели психологот.
Еве за што станува збор…
1. Чувство на непријатност при помислата да направиш нешто убаво за сопружникот
Еден од критериумите по кои се утврдува подготвеноста на мажот да ги подобри односите во бракот е желбата да направи нешто убаво за својата жена. Да купи вкусна храна, карти за во кино или театар, некаков накит, ситница…
Тука спаѓаат и исполнувањето на нејзините барања: да купи нешто во продавница, да оди некаде со неа, да поправи нешто дома, да го причува детето и слично… Ако мажот не може да си замисли да направи нешто вакво, тоа е сериозен сигнал дека не сака да ги подобри односите во семејството и дека бракот е во криза.
2. Караниците се забошотуваат со денови, недели, месеци…
„Тато, зошто не доаѓаш со нас на прошетка?“
„Остави ме на мира.“
Вистината е дека таткото е навреден или се скарал со мајката и сега меѓу нив се случува „студена војна“. Ако сопружниците со денови не комуницираат, а потоа одеднаш почнуваат да разговараат, без да го решат проблемот околу кој се скарале, доаѓа до уште поголем проблем.
Крајот на расправиите значи и крај на важната комуникација. На неважни теми можете да зборувате и со соседите, а само на саканите луѓе можете да им доверите важни работи.
3. Мажот или жената постојано им се жалат на пријателите поради својот сопружник
Ако мажот постојано им зборува негативно на своите пријатели за сопругата, во стилот „мојата е таква…“, „постојано нешто критикува“, „никогаш не ѝ е доста“…, тоа покажува дека е нестабилен и неспособен проблемите да ги реши самиот. Ако се жалите поради жената, истата личност што сами сте ја запознале и сте ја одбрале за себе, што кажува тоа за вас?
Ова исто така е сигнал дека се ближи развод
Ова се знаците дека разводот се наближува. Особено важна е точката број 2, другите само се надоврзуваат едни на други. Дури и ако не се распадне бракот (на пример, затоа што тоа би било штета за децата или затоа што е страшно да се остане сам), сепак ќе дојде до распад на семејството. Брачните двојки можат да живеат како соседи, цимери, бесконфликтно и површно. Тогаш, и децата ќе бараат ист таков однос во бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.