Што најдоа грчките научници во гробот на Исус Христос?

Психологија 01.08.2024 / 15:44

Со децении, гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која ги држи мермерните блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века, а првпат го отворија грчки  научници пред неколку години.

Христијанските заедници во Светата Земја пред неколку месеци започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.

Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше првпат да се премести барем од 1810 година, кога беа извршени последните работи поради пожар во базиликата, а можеби и порано, рече  отец Самуел Агојан од Ерменската црква.

 

Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата, а целиот процес го сними National Geography за потребите на документарецот. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа.

Отворањето на гробот на експертите ќе им даде единствена можност да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „National Geographic“ во 2016 година.

– Морам да признаам дека колената ми се свиткаа кога плочата беше поместена – изјави Фред Хиберт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş