Некои искуства, ситуации и моменти можат да измамат насмевка и може да направат да се чувствуваме пролетно, лелеаво и едноставно одлично.

1. Пеперутки во стомакот поради некој посебен во животот

Моментот во кој ви се сретнуваат погледите со некој посебен, хемијата која ја чувствувате и слаткото исчекување на играта на заведување. Магнетската привлечност која дава знаци дека ќе се случи нешто убаво.

2. Добра масажа

Многумина ќе се согласат дека искуството на масажа, мирисот на етерични масла и музиката која релаксира, може дефинитивно да биде подобро од сексот. Вистинската масажа во вистинското време е непроценлива.

3. Пронаоѓање на идеалните фармерки

Потрагата за идеалните фарменки на многу жени им е кошмар, но чувството кога ќе го најдете вистинскиот модел, кој што совршено го обликува задникот, тоа го разбира секоја жена.

4. Палачинки со нутела

Понекогаш би дале се за палачинки со нутела која што се топи во устата. Тоа е она посебно чувство кога се жените во оние денови од месецот.

5. Првите сончеви денови по зимата

Ладната зима, кусиот ден и сивилото можат да направат се чувствуваме нерасположено. Но затоа првиот мирис на пролетта, првиот сончев ден со кристално сино небо е како да ни дава живот. Тоа е добро чувство кое никој неможе да го оспорува.

6. Добар концерт

Музиката нѐ движи, мотивира и инспирира, уште ако се работи за некој долго очекуван концерт кој ќе нѐ наполни со неверојатна енергија, тогаш се претвора со искуство на кое дури ни сексот не  може да му конкурира.

7. Топла бања по напорен ден

Топлиот туш или сауна со која ќе се почестиме по напорниот ден влијае смирувачки, а посебно во ладните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.