Ви откриваме што прават и преземаат мажите кога навистина се грижат за некоја жена
Откако ќе го прегледате овој список, нема да имате повеќе дилеми.
Љубовта не може и не треба да има дефиниција. Луѓето ги покажуваат своите чувства на различни начини. Во денешниот свет, кога сè се одвива и менува премногу брзо, се обидуваме да ја најдеме таа една личност што најдобро ќе нè разбере.
Често се губиме во сопствените мисли и анализи и запаѓаме во дилеми. Дали мажот што сме го одбрале е вистинскиот, дали тој навистина се грижи за нас? Речиси секоја жена барем еднаш си го поставува ова прашање. Без разлика колку сме различни, постојат некои шеми на однесување што секој маж ги следи кога некоја жена навистина му значи.
1. Ја покажува својата ранлива страна
Голем дел од машката популација нема туку-така да откријат што ги мачи, што ги прави несигурни и ранливи. Ако вашиот партнер сака да ги сподели со вас и неговите тешки моменти, тоа е добар знак. Мажите обично се поврзуваат со стереотипот дека тие се „посилниот“ пол, дека не плачат, не покажуваат емоции и слично. Ако мажот што сте го одбрале, без проблем зборува за своите стравови и за тоа што го мачи, бидете сигурни дека многу му значите.
2. Сака да ве направи среќна
Сите сме донекаде себични. Кога навистина не се грижиме за некого, свесно или несвесно, не сакаме да вложиме повеќе труд во односот. Но ако вашиот партнер е подготвен да се „жртвува“ за вие да се чувствувате подобро, тоа е сигурен знак за неговата вистинска посветеност. И не заборавајте на ситниците – секоја количина на вложен труд или жртвување е израз на љубов. Бидете реални кон себе и не барајте изговори за мажите кои никако не наоѓаат време за вас и кои воопшто не се посветени.
3. Ви дава поддршка
Мажот што ве сака никако нема да ве гледа како конкуренција и никогаш нема да ве потценува. Кога партнерот навистина се грижи за вас, тој ќе биде горд на секој успех што ќе го постигнете. Важно е да имате на ум дека тој можеби нема целосно да ве разбере вас или чекорите што сте ги презеле, но ако вам ви е тоа важно, тој ќе ви даде поддршка.
4. Обрнува внимание на детали
Ако му значите, нема да заборави ниту еден детаљ за вас и ќе ги памети сите ситници што ве радуваат. Ќе го користи секој момент за да ве израдува и да го запомни тоа што му го кажувате. Сето тоа што вие го сметате за ситница, за него ќе биде многу важно.
5. Се бори за врската
Секоја врска може да наиде на пречки, лоши периоди или тешкотии. Откажувањето од сè и заминувањето и избор на мажот кому не му е доволно грижа. Врската изискува вложување напор и труд и ако вашиот партнер не е подготвен за тоа, преиспитајте колку навистина му значи вашата врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.