Освен што треба да ја дадат речиси целата плата за да си ја вратат возачката, пијаните возачи во Молдавија од 2019 година казната ја отслужуваат во мртовечница. Иако звучи бизарно, оваа мерка се покажала ефикасна, па бројот на пијани возачи опаѓа во оваа црноморска земја.

Земјата има сериозен проблем со алкохол зад воланот. Барајќи добро решение, властите се сетиле на оваа мерка, која пак се покажала од прва.

Возачите во Молдавија на кои им е одземена возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол, можат да ја добијат назад ако платат околу 200 евра (просечната плата е околу 270 евра).

Треба да му помагаат на медицинскиот персонал во болниците при пружање помош на жртви од сообраќајни несреќи, а кога помошта тука не е потребна, што е многу често, ги препраќаат на друго одделение – во мртовечница.

Програмата започнала во главниот град Кишињев во 2019 година со 6 возачи кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден од нив се откажал неколку минути откако почнал да помага во мртовечница. Возачите велат дека за нив е многу тешко да работат во мртовечница. За 3 години 600 возачи морале да работат во мртовечница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.