Многу луѓе во моментите на неверство не размислуваат за своите партнери, за нивните чувства и последиците и дали тоа што го прават навистина вреди! Неверството, дефинитивно, е една од најтешките работи со кои може да се соочи една двојка. По него, љубовта, во најголемиот број случаи, е осудена на пропаст.

Личноста што ќе доживее да ја повреди партнерот на таков начин, не само што се соочува со тој факт, туку се соочува и со губење самодоверба, разочарување, емотивен раздор, а поединци дури и стануваат депресивни!

А каква карма, всушност, предизвикува изневерувањето?
Нема сомнеж дека на овој начин се создава лоша карма, но не во таква форма каква што повеќето луѓе си замислуваат. Најчесто се мисли дека на оној што изневерува ќе му се врати со иста мера, но тоа е голема заблуда.

Лаклан Браун, авторка и една од основачките на сајтот HackSpirit, кој се занимава со теми за личен развој и подобрување на односите, истакнува:

„Кармата е едноставно енергија. Енергија се нашите мисли, намери и постапки. Енергијата што сега ја создаваме ќе влијае врз нас во иднина.“

Па каква енергија создаваат луѓето кои ги изневеруваат своите партнери?

Доаѓа до четири промени во енергијата:

-губење на довербата
-негирање и омаловажување на љубовта
-чувство на безвредност кај човекот што сме го изневериле
-гнев, тага и очај кај изневерениот

Наведените емоционални состојби се тешки и создаваат неповолна енергија – изневерувањето создава карма на внатрешно разочарување и предавство. Личноста што изневерува создава недоверба – како кај другите луѓе, така и кај себе, иако многумина не се свесни за тоа.

„Кармата е акција, а не резултат. Иднината не е запечатена во камен. Секогаш можете да го промените правецот на вашиот живот така што ќе ги промените своите мисли, намери и постапки и ќе прекинете со самоуништувачките навики. Кога ги изневерувате другите, ја градите куќата на вашиот живот врз разнишани темели. Очекувајте енергичен бумеранг во форма на непожелност во многу кругови, ситуации и ставови. Губењето на самопочитта најмногу ќе боли“, истакнуваат експертите.

Личноста што изневерува, исто така, ќе се соочи со вистината дека со неверството изгубила нешто вредно, важно, ќе почувствува осаменост и жал за тоа што се случило. Можеби не денес или утре, но кармата ќе пристигне во вистинскиот момент. Тогаш ќе започне емоционалниот пресврт.

Единствениот начин да се ослободите од лошата карма е да побарате прошка од оној што сте го изневериле. Само така ќе се ослободите од големиот товар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.