Некогаш брачните двојки спиеја во одделни кревети. Денес тоа изгледа бизарно. Или можеби не? Мислењата на научниците се поделени…
Раздвојте се!
Ако вашиот партнер ’рчи, често станува, чкрипи со забите и ви го нарушува сонот, обидете се да спиете одвоено. Уморот поради ненаспаност може да предизвика депресија, нервоза и опаѓање на либидото, што ќе остави последици врз вашиот однос. Одвоените постели не се пречка за секс. А квалитетниот сон, кој следува потоа (во одвоени кревети), е услов за добро расположение.
Останете заедно!
По подолго период спиење во одвоени кревети, може да се наруши блискоста во врската. Поголемиот број двојки денес не се гледаат преку ден, па ноќта е единствениот период кога се физички блиски. Затоа испробајте ги сите други опции, како што се тампони за уши, пред да почнете да спиете одвоено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.