Изневерувањето е причина број еден за развод, а овие 4 знака укажуваат на тоа дека жената има љубовник

Неверството никогаш не е добро, без разлика дали го извршила жена или маж. Генерално важи правилото дека мажите се тие што изневеруваат, бидејќи ним тоа им е во крв, додека за жените се верува дека ако го сториле тоа, имале опасен повод.

Низ годините, спроведени се голем број истражувања и верувале или не, одговорот секогаш е ист и не сме сигурни дали ќе ви се допадне: припадничките на женскиот пол во просек имаат 2,3 љубовника, додека мажите имаат 1,8 љубовници. Тоа значи дека жените се тие што повеќе изневеруваат.

Но кај жените, главната причина за изневерување не е сексот, туку недостигот од емоционална поврзаност. Жените честопати се неверни, бидејќи се чувствуваат осамено или им пречи тоа што партнерот ги зема здраво за готово. Сакаат повторно да се почувствуваат посакувано и ценето. А многу жени велат дека изневеруваат за да ја спасат својата врска.

За сите оние што се сомневаат дека партнерката ги изневерува, постојат некои знаци на кои треба да се обрне внимание. Но не треба да се заборави и дека тоа што се сомневате на неверство, не значи дека тоа е така. За секоја од овие промени, може да постои логично објаснување.

-Одеднаш станува помалку приврзана или тактилна (или повеќе од вообичаено)
-Промени во нејзината вообичаена рутина: Ако почне постојано да се враќа доцна од работа или често оди на деловни состаноци.
-Станува многу мистериозна во врска со своите навики на телефон и Интернет: можеби ги менува лозинките, го крие телефонот или ги прима повиците во друга соба.
-Почнува да става повеќе шминка или парфем без видлива причина, или се облекува секси кога излегува со своите пријателки, иако претходно не било така.

Љубомората боли и го отежнува разумното размислување. Партнерот би можел да реагира во афект, но тоа нема да му помогне ниту нему ниту на врската. Само ќе ја оддалечи жената. Затоа, треба длабоко да се вдиши и да се разговара со неа. Треба да ја замолите да биде искрена. Ако таа признае дека го изневерила партнерот и двајцата сакаат да преминат преку тоа и да ја зајакнат својата врска, треба да одлучат заедно да работат на повторното градење доверба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.