Луѓе без морал и чувство на каење стои во описот на дијагнозата на лицата кои посегнуваат по детски живот. Психијатријата ги препознава како социопати, псхихопати. Психијатарот Стојан Бајрактаров вели дека оние што посегнале по детски живот се препознатливи во општеството и се чести сторители или на прекршочни или на кривични дела.
Тие често се претставуваат дека тие се бранители на интегритетот или моралот во општеството. Tие се луѓе од кои околината се плаши, се плашат да влезат во конфликт со нив. Тие се свесни дека тоа што го прават не е во ред, но немаат чуство на вина, на морал дека тоа е нешто казнивно или општествено неприфатливо, туку гледаат само за своите потреби, вели д-р Стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија во изјава за Сител.
Тој апелира секое дело да биде казниво зашто психопатите учат само од казни.
Системот на казнивост мора да постои, бидејќи психопатите се учат само од казни. Меѓутоа не е само тоа, треба многу други работи за да бидеме посречно општество, вели Бајрактаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.