Во брза акција, противпожарната единица од Чајетина синоќа спаси автобус полн со патници кој се запали додека се движеше во тунелот, а кој се движеше од правец на Ужице кон црногорското крајбрежје.
Пожарот се случил во задниот дел на автобусот, во близина на моторот. Противпожарната служба брзо интервенираше и што е најважно за нас спаси животи и го локализираше пожарот. Во пожарот на возилото е причинета мала материјална штета – потврдија за агенцијата РИНА од противпожарната служба.
Патниците кои се наоѓале во автобусот кој води до омиленото српско море биле брзо евакуирани.
Се околу нас беше во чад и тешко се дишеше, само ни рекоа дека мораме веднаш да го напуштиме автобусот и што побрзо да излеземе од тунелот. Ги понесовме сите работи со нас, се плашевме огнот да не се прошири. Поминавме непроспиена ноќ чекајќи да се поправи дефектот за безбедно да стигнеме до крајната точка – изјави еден од патниците за РИНА.
Поради инцидентот што се случи на патот кон Црна Гора, сообраќајот се одвиваше бавно, со пренасочување кон алтернативни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.